Eкипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола го претстави своето прво засилување за следната сезона, по договорениот трансфер на младиот Петар Маркоски, кој ќе ги засили младите “зелено-бели“.
За младиот кружен напаѓач управата на битолчани беше заинтересирана и го следеше неговите одлични игри оваа сезона, а Маркоски се реши за нов предизвик во кариерата и со Еурофарм Пелистер 2 потпиша договор до 2026 година.
-Стружанецот Маркоски во својата досегашна кариера настапуваше за Струга, а од јули ќе стане ракометар на Еурофарм Пелистер 2. Пивотот потпиша договор со клубот до 2026 година, велат од битолскиот клуб.