Победа – Топ гол 0:10 (0:5)
Во последното 14 коло од Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на Топ гол од Битола на гостувањето во Валандово ја совладаја екипата на Победа од Валандово со конечен резултат 0:10, полувреме 0:5.
Оваа победа беше потврда на титулата за Топ гол и промоција во прва лига.Головите за Топ гол ги постигна: Гоцевска, Талевска, Стевановска и Милевска по два, Стојчевска и Куневска по еден.
Топ гол оваа сезона ја демонстрира својата надмоќност во втората лига и без пораз стана шампион.
-Честитки за моите фудбалерки, најважно е што сме шампиони и експресно се вративме во Прва лига. Ни останува сега да прославиме и радуваме на титулата, а и да ги започнеме подготовките за Првата лига, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.