По веста дека екипата на Еурофарм Пелистер од Битола и теоретски е шампион на Македонија во ракомет љубителите на ракомет во Битола се организираа и некоја минута после полноќ ги пречекаа новите ракометни шампиони.Брендираниот автобус на Еурофарм Пелистер, заедно со колона возила пред него и после него тешко дојде до Широк Сокак, а кога конечно дојде започна славјето на битолчани за титулата која ја чекаа долги години.
Автобусот беше залиен со пиво, се запалија баклите и следуваше залено-бел огномет, а кога од автобусот слегоа претседалот Зоран Стерјев, Бојан и капитенот Радовиќ започна славењето на титулата.
Битолчани на полноќ, на Широк Сокак во чест на ракометните шампиони ја запеаја “Ако одам во Битола“, запеаја и ракометарите, а тренерот Александар Јовиќ се најде на раце на навивачите.
Забавата во Битола, продолжува, а кога ќе дојде големиот шампионски пехар во Битола, ќе продолжи со исто темпо.
Како беа ракометарите пречекани на Широк Сокак низ фотогалерија и видеа кој ги направија нашите фототепортери на терен, Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска.