После два месеци пауза поради тоа што Билјард федерацијата на Македонија беше организатор на турнир од Балканската лига, билјард заедницата повторно се сретна овојпат на 3. мастерс од Државниот шампионат и во “Б“ и “А“ дивизијата и тоа во Гран клуб Скопје.
Од вкупно 36 играчи во “Б“ дивизијата“ во Американски пул билјард, Битола ја претставуваа 8 мина, и имаа барем по една победа.
Победник во “Б“ дивизијата, дисциплина “9-ка“, е Тони Петровски е во групата на играчи кои ќе се натпреваруват за учество во “А“ дивизијата. Редовното играње, слушањето на советите и спаринг со туторијали од тренерот Готран Думевски конечно вродија со плод.
-За поздравување е желбата за работа, учење па и да се истрпат критиките од тренерот кој што не се баш пријатни и покрај добронамерноста но тоа е Тони кој што со своите 55 години иако е можеби нај оспоруван играч сепак си продолжи упорно чекор по чекор да си оди по нагорна линија, вели Горан Думевски – Панчо.
Од играчите кои се квалификуваа вредно е да се спомене Ѓорги Димитров кој што забележа 3 победи во добра игра, а добар настап имаше и Даниел Бошковски но сепак ова четвртфинале е повторување на неговиот најдобар успех, кој можеби ќе го подобреше да не налеташе на Тони Петровски.
Се одржа и третиот мастерс во “А“ дивизијата во кој Христо Василевски го задржа првото место но со намалена предност, а останатите играчи или го расипаа својот пласман или го задржаа истиот.
Судија беше Горан Петровски, а му асистираше Горан Думевски Панчо, двата од Битола.