Нов спортски директор на РК Еурофарм Пелистер од Битола е Бранислав Ангеловски, поранешен ракометар на Пелистер од Битола и легенда на македонскиот ракомет. Ангелевски оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација. Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а во странство настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија).
Бранислав Ангеловски доаѓа на местото на спортскиот директор Димитар Митревски кој поради приватни причини се повлече од оваа фиункција во клубот. Под негово раководење клубот се издигна во еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија, посебно по потпишувањето на платформата за ракометна Битола. Со Митревски како прв оперативец клубот освои два Суперкупа на Македонија, една шампионска титула во Суперлигата и редовно игра значајна улога во Европа и СЕХА лигата.

Бранислав Ангеловски нов спортски директор на Еурофарм Пелистер на местото на Димитар Митревски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- СВР Битола: приведување за попречување на полицијата во извршување службени дејствија
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола










