Пред 10 години, во летните горештини, во јули, Битола наликуваше на Лондон, а Народниот театар на Битола на лондонскиот Глоуб театар, бидејќи на театарската сцена артисти од неколку земји во светот ги играат ликовите на прославениот Вилијам Шекспир, а тоа значење и прв фестивал Шекспир во Битола, и потврда на тоа декаБитола е градот на театарот. Фестивалот успешно се одржа и оваа 2023 година, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Големата сала на Центарот за култура беше претесна да ги прими сите љубители на театарот, кои сакаа да бидат дел од отворањето на фестивалот и претставата “Ромео и Јулија, а некои од актерите им порачаа дека не се свесни за тоа колкаво значење има овој фестивал
не само за Битола.
Најзаслужни за стартување на Шекспир Фестивалот во Битола беа директорот на Народниот театар во Битола, Валентин Светозарев и на уметничкиот директор, Благој Мицевски, кои ја донесоа светската театарска елита, Битола тогаш беше единствена држава во Југоисточна Европа која има фестивал посветен на Вилијам Шекспир.
Инаку, “Битола Шекспир фестивал“ се отвори со македонско-руската театарска претстава “Ромео и Јулија“ копродукција помеѓу “Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург и Народниот театар од Битола, во режија на Дејан Пројковски, а на крај сите беа наградени со долготраен аплауз.
Фестивалот го отвори тогашниот градоначалник на Битола Владимир Талески кои нагласи дека е единствен градоначник во светот кој го играл Хамлет.
Како тогаш рече Петар Горко артистите кои тогаш беа во Битола се поздравува според улогите кои ги имаат играно во претставите на Шекспир, а него посебно му годело кога го поздравувале со Здраво Хенри! Како си?

Деновиве пред 10 години: со “Ромео и Јулија“ започна првото издание на Шекспир фестивалот (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










