Press "Enter" to skip to content

Кристиан Стојани од АК Олимп Битола државен првак на 5.000 метри

Кристиан Стојани од Битола, член на АК Олимп од Битола, го истрча најдобото време (15.54,82) на вчера одржаното Државно поединечно првенство за сениори во атлетика за 2023 година во Скопје и го освои златниот медал, прв за Битола и нејзината атлетика во оваа дисциплина уште од времето на Стевче Георгиевски. Затоа, оваа победа за клубот е посебна и голема.Кристиан со оваа победа го запечатува местото на АК Олимп на висините на кои беше некогаш, а вложувањето во оваа млада екипа покажа дека визијата за враќањето на атлетиката во Битола на голема врата е возможна.  

Јана Стефановска од АК Олимп исто така имаше одлична трка, освои второ место на 800 метри жени, со нов личен рекорд од 2,35 минути.Тања Велјановска, атлетичарката која направи камбек и во атлетиката и во АК Олимп, чиј член беше до пред десетина години, освои второ место на трката од 3.000 метри, со резултат 12,38 минути.

Бојан Ѓеровски имаше исто така добра трка вчера на патеката од 400 метри, со резултат 1.00,38.

Со сребрен медал во дисциплината фрлање ѓуле, се закити Зоран Димовски, поставувајќи личен рекорд со фрлени 11,43 метри. 

More from ВестиMore posts in Вести »