Пред 10 години, во Битола, во престерт на големиот македонски празник Илинден, воениот оркестар на АРМ во рамките на проектот на Министерството за одбрана “Армијата до граѓаните“, одржа концерт во Битола, на плоштадот “Магнолија“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Пред концертот Воениот оркестар заедно со припадниците на баталјонот за почести продефилираа низ центарот на Битола, а гардистите на АРМ ја изведат точката “Егзирцир“ со која демонстрираа висока строева извежбаност во работа со пушка, вели Миновски.
Воениот оркестар во траење од околу еден час изведе репортоар од различни нумери од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба, а кои се атрактивни за различни генерации слушатели.
Во рамките на проектот за интензивирање на соработката со локалната самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење Армијата да се доближи до граѓаните со што ќе се зајакне и цивилно-воената соработка и во градовите каде АРМ нема гарнизони.
Концертот и строева извежбаност во работа со пушка ги “натераа“ битолчани да се почуствуваат каде дел од големите светски центри каде ваквите настани се вообичаени.
Битолчани и нивните гости посебно беа воодушевени од изведбата на точката “Егзирцир“ на почесната гарда, со која демонстрираа висока строева извежбаност во работа со пушка.

Деновиве пред 10 години: концерт на воениот оркестар на АРМ во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)
- Прес-конференција на градоначалникот Коњановски: од транформаторот до булеварскиот влез
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола










