Во срцето на старата битолска чаршија во Битола се одржувале од многу порано многу културни настани, кои го привлекле вниманието на битолчани, кои се познати како културни критичари, а кога зборуваме за пред 10 години, во 2013 година, ќе се присетиме на еден настан кој го организира и изведе познатиот битолски актер Петар Горко, насловен како “Низ Битола со либето“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-На музичко поетската манифестацијата, која морам да признам, не очекував дека ќе “собере“ толку народ, во обичен ден, ноќе, на мест не така актуелно за битолчани, беа говорени текстови од најпознатите битолски песни каде се спомнува зборот ЛИБЕ. Морам да кажам дека бев изненаден од тоа што се случуваше в0 Чаршијата, вели Миновски.
Петар Горко ги говореше текстовите, додека за музиката се погрижи битолската група “Калабалак“, а според Миновски, Горко е еден од ретките кои може тоа така добро да го направи, со рецитал и песна, и да ги разнежи присутните, а настанот беше во рамките на тогашниот летен фестивал “Битфест 2013“.
На музичко поетската манифестација беа изрецитирани и испеани легендарните песни “Битола бабам Битола“, “Битола мој роден крај“, “Ако одам во Битола“, “Ја излези стара мајко“, “Нели ти реков моме Донке“ и многу други.
-Битолчани дојдоа во старата битоска чаршија во голем број и видно расположени рецитираа, пееја и со громогласни аплаузи ги поздравија изведувачите, додава Миновски.

Деновиве пред 10 години: “Низ Битола со либето“ во изведба на познатиот битолски актер Петар Горко
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










