Беласица – Пелистер 0:2 (0:1)
Фудбалерите на Пелистер од Битола со гостинска победа ја започнаа годинешната фудбалска сезона во Втората фудбалска лига на Македонија на гостувањето во Струмица на градски стадион “Благој Истатов“. “Пелистерци“ ја победија екипата на Беласица со 0:2, полувреме 0:1.
Фудбалеите на Пелистер дојдоа до водство во 38. минута од натпреварот со голот на Благојче Љамчевски од пенал, кој беше досуден по играње со рака на домашниот фудбалер во шеснаесетникот. Претходно “пелистерци“ имаа шанса за прв гол по слободен удар.
Вториот гол за Пелистер го постигна во 67. минута од натпреварот кога Спирковски го глава погоди по корнерот на Љамчевски.
Во 2. коло од ВФЛМ екипата на Пелистер ќе биде домаќин на Новаци која победи на домашен терен со 2:0 против Арсими. Натпреварот ќе се игра на 19 септември во 17 часот.