Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: ехографски промени на слезинката

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за ехографски промени на слезинката, за што вели:

-Слезината е инкапсулиран полусрпест орган кој се наоѓа под левиот ребрен лак под дијафрагмата и е лимфопролиферативен орган составен од црвена и бела пулпа и е  значаен за имунитетот во продукцијата на лимфоцити макрофаги.

Ехографски е хиперехоген спрема црниот дроб и има нормална должина до 11 цм ширина до 5 цм, зголемените димензии се познати како спленомегалија во склоп на српестоклеточна анемија, хемолитични анемии, портална хипертензија со црнодробна цироза и тромбоза на лиенална вена, инфарктот на слезина е втората патолошка промена кај слезината и се карактеризира со триаголна форма на хипоехогена аваскуларна зона зголемена температура трески,крварењето при тапи трауми и сообраќајни незгоди со руптура на слезина е третото нарушување.

Се карактеризира Ултрасонографски со  анехогена содржина околу слезината -free fluid и знаци за хеморагичен шок перитонитис  последните патолошки состојби се појава на ретки малигни хипоехогена цистична промени во паренхим кои можи да се должат на примарни тумори, метастатски промени, лимфоми  акутни леукемии кога е потребна и КТ или МРИ.