-Пред 10 години, во октомври 2013 година, на патеката кај Братиндол, над Битола се одржа мото-трка која, се сеќавам беше одлично организирана од тогашниот мото клуб ЛТД од Битола, за прв парт, од шампионат на Македонија во мото крос, а за која имаше огромен интерес и на која се постигнаа одлични резултати, со 7.000 публика, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Патеката беше комплетно подготвена за стартот на трката, а за прв пат тогаш имаше мали корекции по сугестија на возачите, а сето тоа по неколку години откако не се имаше одржано трка на ова патека, поради многу оштетувања. На неа учествуваа мото-кросисти од Македонија и околните земји, мотокросистите од ЛТД беа со најповеќе медали и беше во најдобар во екипна конкуренција, вели Миновски.
Скоковите на патеката, стартната рамнина, влезовите од регионалниот пат до патеката, местата за гледачите, а посебна атракција беа скоковите, во што уживаа гледачите. Од ЛТД шампионската титула ја освоија Борче Костов и Никола Гулевски, во МХ3 и МХ2 конкуренција.
Во таа сезона Борче Костов и Никола Гулевски беа по трет пат по ред прваци и заслужено ја добија престижната награда “Златна кацига“, која според тогашните коментари беше освоена заслужено.
Тогаш на патеката по подолго време се појави и возачот на Пелистер, Христијан Илиевски – Кико, кој ги освои симпатиите на гледачите, посебно по атрактивните скокови и агресивното возење, со мотоцикл кој го набави само пред неколку дена.
[ngg src=”galleries” ids=”1676″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]











