Двајцата ди-џеи “BANG LA DEKS“ кои вечерва ќе ја затворат манифестацијата “Широк Сокак во бело“ пристигнаа во Битола и во винаријата и хотел “Чифлик“ веќе се подготвуваат за настапот со кој ќе заврши оваа манифестација, а и битолското културно лето.
-Двајцата ди-џеи не зборуваа многу за својот вечерашен настап, а како ќе биде вечерва ќе кажуваат битолчани и гостите од другите градови, а организаторот ветува одлична забава. Озвучувањето, бината и осветлувањето се во рацете на позната куќа која работи со познати светки ди-џеи.
Пред да имаат свое шоу легендарните “BANG LA DEKS“ битолчани ќе ги забавуваат ди-џеите Љубиша, Рикардо и Андреј Ѓошев.
Забавата започнува во 21 часот, а “BANG LA DEKS“ ќе настапат околу полноќ.
Бината за разлика од вчера кога беше поставена кај “Веро“ вечарва и пред салонот на “ВИП“.