-Наградите кои се доделуваат на Денот на ослободувањето на Битола, секогаш побудуваат интерес, а тоа е големо признание кое го добиваат поединци и компании. Пред 10 години, во 2013 година, наградата за животно дело ја доби познатиот битолски хроничар, истражувач, просветен и научен работник од областа на историјата, професорот Александар Стерјовски, започна со своите сеќавања за пред 1о години, Димче Миновски, хроничар на Битола, и доајен на битолското новинарство.Тогаш, во 2013 година, добитници за едногодишни остварувања беа организацијата на жени Битола, Гимназијата “Јосип Броз Тито“, ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“, компанијата “Кромберг и Шуберт“ како и приватниот стопанственик Велчо Петровски од “Папал Дизајн“.За значењето на големиот празник на Битола, во присуство на голем број гости, претставници на политичкиот, културниот и општествениот живот на Битола, делегации на збратимените градови, за постигнувањата на Битола меѓу двата родендени зборуваше, тогашниот градоначалникот на Битола, Владимир Талески.На доделувањето на наградата за животно дело, во образложението за професорот Стерјовски се вели дека е истакнат професор, научен работник од областа на историјата и македонската литература и историја на Битола, хроничар, раскажувач, кој со посебно чувство навлегува длабоко во тајните на проблематиката, откривајќи ги до најситни делови сите параметри во истражувачкото.-Ова е голем момент за нас. Големи напори, патувања, истражувања, непреспиени ноќи. Тоа е научната рабата. Многу труд, напор, тоа е работата на сите кои се наградени денеска. Голема возбуда има кај нас, но и среќа и радост зошто тоа ни го доделуваат граѓаните на Битола, на еден посебен датум, големиот историски ден, ослободувањето на Битола, рече Стерјовски, кој тогаш го најави и неговото големо дело, негов животен сон, а тој е “Битолските 10 книжија”, со кои тој се обидува да ја открие душата на Битола и најзначајните датуми на Битола.По врачувањето на четврто ноемвриските награди, беше изведен музичко сценскиот перфоманс “За мојата Битола“.
Деновиве пред 10 години: професорот Александар Стерјовски доби награда за живвотно дело (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)