Пред 10 години во Битола се одрганизира една хуманитарна акција, односно крводарителска акција, во која спортистите преку дарување крв ја покажаа нивната хуманост, а се одржа каде ако во нивниот храм, спорската сала “Младост“, сега “Боро Чурлевски“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Таа акција беше прва крводарителска акција во која спортистите организирано даруваа крв, а се појавија и даруваа крв Тони Мицевски, Игор Николовски, Борче Костов, Кире Грбевски, Неџат Хусеин, Гордана Цветковска- Бошевска, Зоран Лазаревски – Паљо…
На поканата се одѕваа сите оние кои немаа обрски на денот на дарувањето, а се собраа околу педесетина крвни единици, а во акцијата се приклучија освен спортистите и спортски работници, новинари, од општинската администрација, навивачи…
–Спортистите секогаш се хумани и дека можат слободно да даруваат крв, бидејќи секогаш се во добра кондиција и одлично здравје, рекоа, тогаш, организаторите.

Деновиве пред 10 години: спортистите од Битола даруваа крв, акција која ја ја покажа нивната хуманост
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










