Пелистер Волеј ја одработи и втората фаза од подготовките за вториот дел од сезоната во својата база во салата на медицинското училиште “Јован Калаузи“ во Битола.
Од понеделник следи комплетирање кога практично започнува воигрување на екипата, а најверојатно ќе има и контролна средба пред самиот почеток по паузата која беше навистина кратка, што остави само мал дел за одмор и краток период да се потврди сработеното.
Она што радува е што сите се во добра кондиција и во добро здравје, немаме проблеми со повредени играчи и ќе дадеме се од себе да ја оствариме зацртаната цел, истакнуваат од Пелистер Волеј од Битола.
Стартот е предвиден на 3 февруари 2024 кога Пелистер започнува на гости во Скопје против екипата на Фламинго Волеј.
[ngg src=”galleries” ids=”1830″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]










