Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за дијагностицирање на комбинирани антихипертензивни лекарства, за што вели:
-АРБ или ангиотензин 2 рецептор блокатори се лекови кои се користат за лекување на висок крвен притисок кои преку блокирање на врзувањето на ангиотензинот 2 за рецепторите од артериите водат до вазодилатација и пад на крвниот притисок. Претставници се лосартан, валсартан кандесарта. Покрај нив постојат и АКЕ инхибитори како еналаприлот, лизиноприлот, рамиприлот, периндоприлот, калциум блокатори како верапамилот, дилтиаземот лерканидипилот, бета блокатори и алфа блокатори бисопролол, небиволол,
Во зависност од висината на крвниот притисок и придружните коморбидитети или ризик фактори хиперлипидемија, дијабетес,
Од неодамна на нашиот пазар е присутна и комбинацијата на АРБ рецептор блокатор со калциум инхибитор и диуретик (VAINAS HCT) комбинацијата на АКЕ инхибитор со калциум блокатори (АMORA).