-Пред 10 години, традиционално Општинската организација на Црвениот крст од Битола одбележа два поводи, а тоа беа, и се и денес, меѓунардониот ден на Црвениот крст и денот
на крводарителите, со свечена академија и крводарителска акција, кои е одржаа во Народниот театар во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На одбележувањата во Битола присуствуваа и делегации на збратимените општински организации на битолскиот црвен крст од Габрово и општина од Софија – Бугарија, Рашица од Романија и Врњачка бања од Србија.
На крводарителите кои во 2014 година кои оваа година даруваа крв 50 и 75 пати им беа дипломи за крводарителите. Дипломи за 100 пати дарувања крв добија: Драган Блажевски од “Транскоп“ и Благоја Босилковски од РЕК “Битола“.
Благодарност им беше укажана и на сите кои се вклучени во работата на Црвениот крст, а посебно на волонтерите за голем број активности кои ги организираат заедно со општинската организација на Битола.
За време на свечената академија беа прикажани и два кратки документарци за Црвениот крст, а во културно уметничката програма настапија Маргарита Христова, “Блуз брадерс“, Вики и ученици од основното училиште “Кирил и Методиј“.
Водител беше актерот и хуманист Петар Горко.

Деновиве пред 10 години: во Битола одбележан денот на Црвениот крст и крводарителите (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










