-Пред 10 години истовремено се одржаа предвремени парламентарните и претседателски избори, а на нив проф. д-р Ѓорге Иванов беше старо-новиот претседател на Република Македонија, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по победата беше старо-новиот мандатор за формирање на новата влада, започа со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На претседателските избори проф. д-р Ѓорге Иванов освои над 534.699 гласови, додека Стево Пендаровски заостана за над 130.000 гласови и освои 398.050 гласови.
На предвремените парламентарни избори ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата “За
подобра Македонија“ освоија над 62 мандати, а СДСМ и коалицијата “Сојуз за иднината“ освои 34 пратенички места.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ славеше убедлива победа на претседателските и предвремените парламентарни избори и во Битола, а во петата изборна единица освои дури
12 мандати, наспроти 6 на опозицијата. Од партијата ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент беа тогашнито координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски и старо-новата пратеничка Лилјана Кузмановска.
Од опозициската коалиција “Сојуз за Македонија“ и од СДСМ во Парламентот беа лидерот на Општинската организација на СДСМ, Васко Ковачевски и Јулијана Силјановска, а од ЛДП пратеник беше Горан Милевски, потпретседател на ЛДП.

Деновиве пред 10 години: победи на изборите на Ѓорѓе Иванов и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










