-Голем број на спортисти во Битола покрај што дале огромни резултати во спортот тие се истакнале и како добри граѓани и големи хуманисти, кои не многупати дарувале крв за потребите на трансфузиологија на редовни и вонредни крводарителски акции, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Една од многуте крводарителски акции беше и акцијата во мај 2014 година која беше организирана во спортската сала, тогаш “Младост“, а во организација на секторот за спорт при Општина Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот крст, а во која крв даруваа професионалци, спортисти ветерани, спортски новинари и други граѓани, вели Миновски.
-На крводарителската акција во мај 2014 се собраа 53 крвни единици од исто толку спортисти, а 8 спортисти првпат даруваа крв. Во акцијата се вклучија спортисти кои се активни во своите клубови, но и аматери, ветерани, спортски новинари и поддржувачи на спортот, меѓу кои ракометарите Александар Зарков, Игор Николовски и Иво Марковски, фудбалерите Неџат Хусеин и Сашо Петровски, Борче Костов и Мими Бајовски – моторџии, и други спортисти, како и Гордана Цветковска-Бошевска, одговорна во Секторот за спорт во Општината Битола.
Акцијата беше поддржана од страна на сите спортисти, кои најавија дека и во иднина ќе бидат крводарители, а се надеваат дека нивната хуманост ќе биде мотив повеќе и за останатите гра ѓани на Битола, да бидат хумани крводарители.
Спортистите беа едногласни дека секогаш кога е потребно се тука, да дадат крв во секое време, а рекоа дека се надеваат дека тоа нема да биде потребно.

Деновиве пред 10 години: спортистите хумани, даруваа крв (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- “Мостови на пријателство – танц што обединува“ меѓуучилишен танцов натпревар во Битола (фотогалерија)
- Универзитетското студентско собрание на УКЛО Битола распиша конурс за “УКЛО тривиум 2026“
- Нова планинска патека на Пелистер, од Цапари до Цапарска пресека









