Државната изборна комисија по преброени 100 проценти од гласачки ливчиња во Битола од вкупно 170 гласачки места, ги објави првите неофицијални резултати од вториот круг од седмите по ред претседателски избори.
Во Битола гласаа 47.657 лица. Вкупен број на важечки гласачки ливчиња 45.244. Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња 2.413.
Во Битола најмногу гласови, 31.457, освои Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, или 66,01 проценти.
Стево Пендаровски, кандидат за претседател на СДСМ и Коалицијата, освои 13.787 гласови, или 28,93 проценти.

Во Битола Гордана Силјановска Давкова 31.457 гласови, Стево Пендаровски 13.787, гласале 47.657 лица
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










