-Битола и битолчани, пред 10 години, активно се вклучија во собирањето хуманитарна помош за поплавените градови во Србија и Босна и Херцеговина, помошта се дистрибуираше преку Општинската организација на Црвениот крст на Битола, и беше наменета за настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, започна со своите сеќавање Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Затоа се одржа средба која ја организира градоначалникот на Битола Владимир Талески во Општината Битола, заедно со почесниот конзул на Србија, Силјан Мицевски, почесна конзулка на Босна и Херцеговина, Билјана Дамјановска, потоа претставници на Црвениот крст на Битола, како и претставници на здруженијата за српско-македонско пријателство и Здружението на босанско-македонското друштво.
Помошта за Србија и Босна и Херцеговина да се собира организирано на 4 пункта во градот: пред просториите на Црвениот крст, на Плоштадот “Магнолија”, како и пред “Веро” на Широк сокак и “Веро” кај новиот пазар. Приоритет му се даде на собирањето хемиски средства за хигиена, дезинфекција, лекови, како и вода за пиење, а се донира и пари.
И здружението за аутизам, викендов, на плоштадот “Магнолија“ организираше панаѓур за деца и млади со хуманитарна цел. Организатори на настанот беа Здружението за аутизам “Марко Поло експлорер“ и сите основни училишта од градот и Општината Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”1999″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”imagedate”]











