Битола станува град на магнолиите. А инспирација може да биде славната магнолија на семејството Иконому која беше засадена во познатата историска куќа на ова семејство.
Со овој мотив, финтек компанијата МИНТ денес ја реализираше својата традиционална акција со засадување на 8 магнолии во градот Битола каде е лоцирана нејзината централа, број кој е идентичен со бројот на постоење на компанијата.
Поддршката е дадена на ЈК “Комуналец“, а идејата е секоја година да се засадуваат садници магнолии, со цел градот да се препознава по овие убави мали раскошни дрва. Минатата година 12 магнолии беа засадени во паркот околу Градскиот часовник, а 3 во паркот пред комплексот Грозд.
Годинава сите садници беа засадени во новиот парк Довлеџик. „Битола е и град кој има плоштад кој го носи името “Магнолија“. Име кое не е случајно, туку го добива по дрвото кое во минатото го имало во дворот на познатиот битолски трговец Иконому, чија куќа централно поставена на овој плоштад е прекрасен пример на старата битолска архитектура и во која на преминот помеѓу 19 и 20 век бил сместен конзулатот на Австроунгарија.
Кога ја планиравме акцијата, наидовме на интересни факти дека според народните верувања магнолијата засадена пред куќата привлекувала задоволство и мир, а зад куќата привлекува богатство и финансиски просперитет. Затоа ја засадил Иконому. Дрвото магнолија пред некоја деценија повторно го има пред левата страна од скалите на објектот на Иконому и дава симболика на ова место како некогаш.
Нашата идеја е целиот комплекс на паркот околу плоштадот и на други места низ градот од оваа година, па натаму да садиме магнолии, истакнаа од Минт Финтек Групација, во која вледуваат компаниите Минт Кредит, МинтИнс, Минт Травел, Минт Менувачница и Минт Бонус.
Инаку, магнолијата го добила името во чест на францускиот ботаничар Пјер Магнол, а дрвата живеат до 100 години.

Засадени 8 магнолии во новиот парк во населбата “Довлеџик“ во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: денес прекинато водоснабдување од “Терминал“ до граничен премин “Меџитлија“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 22 степени
- 4. по ред ревијална “Трка за Македонија“ во чест на сите загинати бранители (фото)
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- СВР Битола: 20 годишна девојка од Љубојно приведена за марихуана, 28 годишник возел влечно возило без возачка









