Во амбиенталниот простор на Домот на АРМ во Битола или Офицерски дом, во рамките на Битолското културно лето, се одржа премиерата на најновиот седми по ред проект на битолската опера, мјузиклот “Опера хаус“ на задоволство на публиката, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
–“Опера хаус беше едно поинакво видување за тоа што во суштина претставува опера каде настапија оперските пејачи Нико Ѓоргиевски, Марина Коруновска, Денис Алитовски, актерите Валентина Грамосли и Борче Ѓаковски и други. Односно, битолски уметници кои се занимаваат со актерска игра, оперска, кои дадоа придонесот во визурата, но и во автентичниот простор на Домот на АРМ, кој има своја специфика, но и заборавен момент, а сметаме дека ќе треба да заживее во еден културен центар заради неговата акустичност, специфичност, уникатност, беше речено тогаш.
Тоа беше убава приказна од еден час и триесетина минути, во која се пееше и се играше за љубовт со една цел да претстави едно поинакво видување за тоа што во суштина претставува операта, односно мјузикл со оперски елементи и театарски елементи.
Ликовите во мјузиклот “Опера хаус“ егзистираат во оперска куќа – сцена каде постојат конвенционални правила на однесување. Тоа е свет, простор каде реалноста на ликовите станува кошмар. Ликовите се затекнати во несвојствени ситуации во кои мора да избираат меѓу материјалното и духовното, меѓу љубовта и омразата, убавото и грдото, реалноста и фикцијата.

Деновиве пред 10 години: премиера на мјузиклот “Опера хаус“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)Деновиве пред 10 години: по неуспешната 4. продажба започна пропастот на Детското на Пелистер (фото)

- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
- Дновиве пред 10 години: “Крани“ во 2016 кога со него стопанисуваше “Капри“ од Битола (фотогалерии)
- Деновиве пред 10 години:“Кромберг и Шуберт“ стартуваше со изградба на уште една фабрика (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- По трет пат во Битола ќе се одржи “Street food Festival“
- Советот за превенција од детско престапништво од Битола подготви прирачник за обука на стручните служби за малолетничка деликвенција
- КРЕДО Connect: презентација на успешен студентски проект на УКЛО Битола
- Во Битола сончево и топло, попладне можна нестабилност, температурата до 29 степени
- 25 јубилејно издание на “Битола Отворен Град“ – градот Битола повторно се отвора (фото)









