Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повторно пријави за меѓусебни физички напади, физички напад и пронајдена стара граната

На 08.07.2024 во 14.00 часот во СВР Битола А.Н. (21) и Ф.Н. (27) од Битола пријавиле дека додека изведувале градежни работи на ул. „Томаки Димитровски“ биле физички нападнати од 43-годишната А.Ж.П. од Битола. Исто така, и А.Ж.П. во СВР Битола пријавила дека била физички нападната од А.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и поднесување на соодветна пријава.

На 08.07.2024 во СВР Битола, Т.Л. (76) од Битола пријавил дека кај училиштето „Тодор Ангелевски“, додека бил со  Д.К. и Н.Р. од  село Обедник, демирхисарско, бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и поднесување на соодветна пријава.

На 08.07.2024 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека при изведување на градежни активности од страна на ЈП „Комуналец“ на корито од река Драгор на бул.„1 Мај“ била пронајдена стара граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е безбедно подигната, при што е констатирано дека станува збор за артилериска граната со кал. 75 мм од Првата светска војна.

More from БитолаMore posts in Битола »