Press "Enter" to skip to content

Библиотеката од Битола на “Летен јазичен камп 2024“ во Австија, како инспиративно патување низ библиотеките

Летниот јазичен камп 2024, со наслов „STADTBUMMEL DURCH PASSAU,“ се одржа во Австрија, организиран од Едукативниот Центар Едусфера, во Салцбург, град со прекрасната барокна архитектура и богатото културно наследство на овој град, а на него учествуваа и библиотекари од НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола .Еден од најзначајните моменти беше посетата на престижната Универзитетска библиотека во Салцбург, која плени со атмосферата на академска извонредност и историја, опкружени од високи полици полни со книги кои како да шепотеа векови на знаење. Библиотеката, сведок на интелектуалното наследство на Салцбург, овозможува запознавање со светот на високото образование и истражувањата во Австрија, преку нивните обемни колекции, кои вклучуваа историски ракописи до современи академски публикации.-Лингвистичка авантура на нашето истражување продолжи во Пасау, “Градот на трите реки“,  каде што се среќаваат Дунав, Ин и Илц, каде ја посетивме Универзитетска библиотека, сместена во историска зграда, нејзината архитектура претставуваше хармонија меѓу старото и новото и ја отсликуваа суштината на германската култура и учење.   Љубезните библиотекари топло нè пречекаа и ни дадоа увид во нивната секојдневна работа, управувањето со физички и дигитални колекции и одржувањето на непречен проток на информации. Ова не беше само посета, туку вистинско искуство кое создаде незаборавни моменти на интелектуална љубопитност и восхит кон германската академска традиција, вели Фатма Бајрам Аземовска.Во живописниот град Линц, ја посетија една од највеличествените манастирски библиотеки во регионот, библиотеката на манастирот “St. Florian“, украсена со фрески, дрвени полици и блескава колекција на ретки книги. Таму монасите грижливо зачувале знаење и култура преку своите ракописи и е симбол на посветеноста на манастирот кон науката и учењето, потсетувајќи нè на моќта на знаењето низ вековите.-Посетата на овие библиотеки во рамките на Летниот јазичен камп 2024 „Stadtbummel durch Passau“ ни овозможи да истражиме и анализираме иновативни практики и стратегии за развој на библиотекарството и унапредување на меѓународната соработка. Оваа посета придонесе за размена на искуства и идеи кои ќе бидат корисни за подобрување на нашите услуги и зајакнување на односите со јавноста, вели Аземовска.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »