Битола повторно ќе биде во бело со долгочекуваното 12. издание на “Широк Сокак во бело” кое ќе се одржи на 23 и 24 август.
Белата ноќ на Широк Сокак започнува во петок, на 23 август, на плоштадот “Магнолија“. Оваа локација ќе биде центарот на збиднувањата, каде што Битола ќе ја прослави својата култура, уметност и традиција под светлината на ѕвездите и сјајот на белата боја.
Во сабота на 24 август се планира за прв пат да се направи и програма за најмладата публика, па така манифестацијата продолжува на платото пред белата зграда на Офицерскиот дом, каде што од 19 до 21 часот ќе се одржи специјална детска програма.