-Пред 10 години, во почетокот на септенври во Центарот за обука и заштита од пожари “Пегаз ЕДУ” од Битола ги додели првите сертификатите на кандидатите кои учествуваа во обуката за професионални пожарникари, според програма верифицирана од Бирото за образование на возрасни лица, и истата беше акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство и веднаш продолжи:
-Да бидам искрен не знам денес дали “Пегаз ЕДУ“ постои и дали работи и извршува обуки, но ваквата организирана работа се покажа дека е неопходна, по пожарите кои ја зафатија Битола и Македија ова лето и нанесоа катастрофални последици.
Инаку, како беше речено тогаш, обуката се состоеше од 750 часови кои се изведуваа во седум и пол месеци која беше мошне квалитетна.
Обучените пожарникари по добивање на сертификатот можеа да си го најдат нивното работно место во територијалните противпожарни единици, во големите организации каде има потреба од професионални пожарникари.
-Сертификати добија 14 лица ја посетуваа обуката која ја поминаа со висок просек, и оттука произлезе мошне квалитетен кадар. Обуката опфаќаше теорија и практика, и кандидатите се здобија со стручни компетенции кои се бараат за професијата пожарникари, тогаш изјави, Сашо Атанасовски, претседател на Центарот за обука и едукација “Пегаз ЕДУ”.

Деновиве пред 10 години: “Пегаз ЕДУ” Битола ги доделени првите сертификати за професионални пожарникари
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










