-Со врачувањето на наградите на тројцата оскаровци, Лука Бигаци, Крис Менџис и
Жулиет Бинош, свечено беше отворено 35. по ред издание на Интернационалниот
филмски фестивал “Браќа Манаки” во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во таа 2014 за време на 35. по ред издание на Интернационалниот филмски фестивал “Браќа
Манаки” Тројцата оскаровци, а особено славната актерка Жулиет Бинош, беа вистинска атракција на црвениот килим пред Центарот за култура и со задоволство им позираа на бројните фотографи, камермани и новинарски екипи.
-Сакам Македонија да биде дел од Европската унија, тоа како македонски народ го заслужувате, посочи оскаровката и филмска дива Жулиет Бинош на прес-конференцијата со новинарите, фановите, филмаџиите и ги собра сите аплаузи од многубројните присутни. Таа сподели искуства од нејзината импресивна филмска криера, хуманитарната работа, но и од приватниот живот.
-Како покровител и претседател на Република Македонија ми е чест да бидам покровител на фестивал кој нуди врвни филмски остварувања. Уверен сум дека досегашните успеси ќе не мотивираат да трасираме пат кон ѕвездите, поплочен со креативност, човекољубие и убавина – со оваа мисла претседателот Иванов го прогласи Интернационалниот филмски фестивал, “Браќа Манаки” за отворен.
Вечерва со нас во Битола се извонредни тројца уметници, неверојатни професионалци и
пред се добри извонредни луѓе, рече на свеченото отворање, директоката на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки”, Лабина Митевска.
Специјалната награда „Златна камера 300” за особен придонес во светската филмска уметност на Лука Бигаци му ја врачи градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
-Многу сум среќен што сум на фестивалот во Битола, бидејќи Македонија многу го сака филмот, а Битола многу ги сака кинематограферите, ве сакам сите многу, премногу ви сум благодарен, истакна пред присутните во Центарот за култура, предводникот на европската кинематографија, Лука Бигаци.

Деновиве пред 10 години: се одржа 35. по ред издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










