Press "Enter" to skip to content

“Битолски Бон Тон“ роденденска песна на “Чкембари“ Битола

Со неизмерна љубов и посветеност кон својот град, “Чкембари“ Битола  го одбележуваат својот 39. роденден со промоција на новата песна “Битолски Бон Тон“.

Песната, која го отсликува духот и животот на Битола, е аранжирана од битолскиот музичар Горан Мицевски Кус и претставува симбол на братството, единството и љубовта кон градот.

Вокалната интерпретација на Марјан Ѓаковски од бендот “Sound Waves“ внесе посебна емоција во секој стих, додека фанфарите, изведени од Илија Мицев, го дополнуваат овој моќен музички израз.

“Битолски Бон Тон“ не е само песна, туку и подарок за Битола, за нејзините жители и за сите кои го носат градот во своето срце. Оваа песна ги отсликува вредностите на “Чкембарите“,  љубов, гордост и непокорност, и е вистинска приказна за нивниот непоколеблив дух.

Нека нивниот глас и химната “Битолски Бон Тон“ одекнуваат низ времето, а  Битола гордо да блеска низ вековите!

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »