Вечрва на голамата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар Битола започна 33. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.На првата фестивалска вечер, за прв пат од основањето пред 33 години не се обрати пред љубителите на класичната музика уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ – Рибарски, поради здравствени проблеми.Во нејзино име зборуваше Владо Ѓоревски – Рафик, кој со многу емоции го прочита текстот кој го напиша Милица Шперовиќ – Рибарски, за отворањето на фестивалот.Годинашниот “Интерфест“ за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој прво и посака брзо оздравување на Милица, и дека по завршувањето на фестивалот “Браќа Манаки“, пред неколку дена, преку “Интерфест“ во следните 11 дека продолжуваме со гостувањето на уметниците кои преку своите изведби повторно ќе ги исполнат салите годинава, а ќе бидат наградени со голем аплауз. Вечерва по официјалниот дел, односно свеченото отворање на “Интерфест“ беше изведен концерт на Камерниот оркестар Битола под диригенство на Владимир Димовски и солистите Линда Хедлунд на виолина од Финска и Антонио Ди Кристофано на пијано од Италија.Тие изведиа дела од Георг Фридрих Хендл, Жан-Мари Леклер и Фредерик Шопен.Инаку на “Интерфест“ ќе се одржува до 11 октомври 2024 година, покрај во Народниот театар ќе има концерти и рецитали, театарска претстава, во Центарот за култура, Завод и Музеј и Офицерски дом, а ќе има ликовната изложба и поетската вечер.Свеченото затворање ќе биде во Офицерски дом на 12 октомври со концерт на Камерниот оркестар на Битола и солистот Бертран Жири на пијано од Франција.
Започна 33. издание на “Интерфест“ во Битола со концерт на Камерниот оркестар и солистите Линда Хедлунд и Антонио Ди Кристофано (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ДЏ Кекел порачува: изберете си омилена песна која ќе ја ставам на листата песни на мојот настап на “Зимска приказна“ во Битола
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Концерти на “Чоканче“ и “Паркети“ на 10. ден на “Зимската приказна“ во Битола, пред Офицерски (фотогалерија)
- Скијање, санкање, бордање надополнето со магијата на Дедо Мраз на “Mint Fintech Group“ во ски-центарот на “Стрежево“ Битола (фотогалерија)
- Фото вест: Бадниковата пештера е во Битола, започнаа подготовките за Бадниковата поворка која го најавува Христовото раѓање
More from КултураMore posts in Култура »
- Концерти на “Чоканче“ и “Паркети“ на 10. ден на “Зимската приказна“ во Битола, пред Офицерски (фотогалерија)
- “Next Time“ на минусна температура ги стопли битолчани на “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
- Што е тоа што сите битолчани не влече, збор за време старо да се рече? (фото)
- Виктор Апостоловски пред сограѓаните на 8. ден на “Зимската приказна“ во Битола, утре пред Офицерски етно-поп дуото “Next Time“ (фотогалерија)
- Новогодишна претстава за децата на вработените од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола при доделување на новогодишните пакетчиња