Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хеликобактер пилори инфекцијата за настанување на хроничен атрофичен гастритис, улкусна болест и карцином на желудникот

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на улогата на хеликобактер пилори инфекцијата за настанување на хроничен атрофичен гастритис, улкусна болест и карцином на желудникот, за што вели:

-H.pylori е грам негативна бактерија во форма на буквата S со 4 до 6 флагели со кои се движи и се наоѓа во субмукозата на желудникот опстојува во киселасредина на желудочниот сок од ph 2. Доминантна е оваа инфекција  во земјите со низок социјално -економски статус. Етиолошки е најчест орално-оралниот и фекално- оралниот пат на трансмисија преку плунка, фекалии  преку контаминирана храна, вода, лоша хигиена. Вирулентноста на хеликобактер пилори се должи на придукцијата на токсини кои водат до оштетување на слузницата на желудникот. Имунолошки во акутната фаза има зголемување на Ig M додека во хроничната фаза се зголемуваат Ig G i IgA.

Најчесто применувани се серолошките тестови за докажување на антитела кон хеликобактер, докажување на антиген на хеликобактер во фецес, уреаза издишен тестот како и инвазивните тестови со примена на гастроскопија за хистолошка верификација, култивирање на бактеријата PCR,CLO test. Патогенетски хеликобактер инфекцијата е поврзана со развивање на акутен H.P гастритис и хроничен атрофичен гастритис, желудочен улкус, улкус на дуоденум и развој на Карцином на желудник кај инфицирани со хеликобактер пилори.

Над 95% од пациентите со улкус на дуоденум и над 70% од пациентите со улкус на желудник имаат хронична инфекција со хеликобактер пилори и секогаш при постоење на симптоми е потребно лекување на инфекцојата со антибиотици аmoxicilline, clarythromicin, блокатор на водородна пумпа како pantoprazole, esomeprazole со цел намалување на лачење на HCL киселина.

Постојат голем број на студии во Шведска, Јапонија кои го докажуваат поголемиот бенефит од третман на хеликобактер пилори инфекцијата со цел редукција и превенција во развојот на карцином на желудникот во споредба со нелекуваните болни.