-Пред 10 години, во 2014 година, наградата за животно дело која градот Битола ја доделува по повод 4-ти Ноември, Денот на ослободвањето на градот, ја доби проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Со свечено врачување на четвртоноемвриските награди следуваше изведба на музичко-сценскиот перформанс “За мојата Битола“, во кој покрај Камерниот оркестар настапија Ирена Димовска, Ламбе Алабаковски и Бојан Стојков.
4-ти Ноември беше одбележан и со полагање букети свежи цвеќина пред Споменикот на НОВ и Револуцијата, со одржувањето на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм “Камера 300“, отворање на Почесниот кознулат на Босна и Херцеговина, потпишување меморандум за соработка со градот Нингбо од Република Кина, како и со одржување низа други активности и манифестации, Битола го прослави својот 70. роденден.

Деновиве пред 10 години: наградата за животно дело за проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
- Соња Михајлова добитник на наградата “4-ти Ноември“ за животно дело, Горан Илиќ, Маргарита Камбовска и Кире Марков за едногодишни остварувања
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Битолски Олимп со шест шампионски титули, од пионерки до сениори










