Во големата сала на Центарот за култура Битола по повод роденденот на Битола 4 ноември денот на ослобудувањето на градот беа доделени општинските награди за животно дело и наградите за едно годишно остварување. По официјалниот дел следуваше културно уметничка програма во која беа поместени, спомнати, битолски брендови кои го одбележаа осум децениското постоење на слободна Битола.
Како битолски брендови кои го одбележаа овај периодот од 80-години најстари брендови се: “Културно уметничкото друштво Стив Наумов” кое е формирано два дена после ослобудувањето на Битола на 6 ноември 1944ИЗиз година, “Народниот театар” од Битола формиран 14 ноември 1944 година. Исто така беа спомнати “Радио Битола”, “Битолски весник”, “КУД Илинден” , “Монмартр”, спортските клубови кои го носат името “Пелистер”, “Интерфест”, “ИФФК Браќа Манаки”…
Во музичка програма настапија: мешаниот хор на “Стив Наумов”, “КУД Илинден”, детскиот хор “Ѕвончиња”, Полина Тасевска, Бојан Стојков, Димитар Андоновски.
Пред Сефедин Бајрамов да ја испее песната за Ајри Демировски Снагата ми е во Стамбол, а душата во Битола.
Битолчани се потсетија на убавиот глас на Ајри со видео запис од кабинетот на градоначалникот.
Своја изведба за театарот имаше Петар Мирчевски, а за “Радио Битола” зборуваше некогашната водителка Данка Јанковска.
Во музичката претстава беше споменат и авторот на првата македонска опера “Гоце“, Кирил Македонски.
Текст и фото: Дамијана Ристевска

Со културно уметничка програма истакнати значајните Битолски брендови во изминатите 80 години
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: започна изградбата на пругата Битола – Меџитлија, сега изградена, за жал не е во функција (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола му оддава почит на Тихомир Јанчовски со монодрамата „Лидија или сè што знам за жените“ во UTOPIA
- Поефтини горива од полноќ за 1,5 денари
- СВР Битола: двајца битолчани и еден малолетник уапсени за дрога, две лица возеле без возачка дозволаСВР Битола: двајца битолчани и еден малолетник уапсени за дрога, две лица возеле без возачка дозвола

- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)








