Press "Enter" to skip to content

Manolo & “The Voice of Gypsies“ направија спектакуларна вечер во Битола и ја кренаа публиката на нозе (фотогалерија)

Во големата сала на Центарот за култура Битола во рамките на 16. по ред фестивал “Музика од светот“, Manolo & “The Voice of Gypsies“ со својот настап и музика ја подигнаа публиката на нозе. Цело време се танцуваше пееше и уживаше во ритмовите на фламенго, румба, самба, поп музика…Синоќа уште еднаш, како безброј пати, повторно се докажа дека универзалната сила на музиката како јазик што ги обединува сите.Маноло Гименез, препознатливиот глас на “Gipsy Kings“, заедно со “The Voice of Gypsies„ приреди незаборавен концерт со хитови како “Bamboleo“, “Volare“, “Jobi Joba“…, но и со своја авторска музика.Со него во “The Voice of Gypsies“ настапи и неговиот син.Во декември 2010 година, Манило го напушта бендот за да формира своја формација во јануари 2011 година „MANOLO voice of Gipsy Kings“, со која ја претставува големината на неговиот непогрешлив глас ширум светските сцени.Со над 2 милиони продадени албуми, Маноло плени со својот харизматичен настап, мешајќи каталонска румба, фламенко и поп музика. Секој негов концерт е вистинска прослава и покана за танц!Така и оваа беше вечер за паметење каде на сцената на 16. Фестивал на музика од светот блеснаа Manolo & “The Voice of Gypsies“ и ја претворија Битола во центар на емоции, ритам и радост.Публиката која безрезервно ја прифати неговата покана за танц неуморно танцуваше, пеејќи заедно со светски познатиот Маноло Гименез, чиј глас ја пренесе душата на каталонската румба и фламенкото.Атмосферата беше незаборавна, исполнета со аплаузи и долги овации. Овој концерт беше повеќе од музика – беше прослава на културите, мост што ги поврза сите срца во салата.Повторно магична вечер од Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот продолжува, потсетувајќи нè на универзалната сила на музиката како јазик што ги обединува сите.На завршната вечер на фестивалот Музика на светот од 20 часот во Офицерскиот дом ќе се одржи „Балкан мјузик проџект“, на кој дувачкиот квинтет „Македонија“ и Дувачкиот квинтет на Белградската филхармонија ќе свират дела инспирирани од балканската музичка традиција.

Жанета Ристевска

Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ростевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »