Press "Enter" to skip to content

Срѓан Захариевски нов тренер на ФК Пелистер, ќе прозива на 8 јануари во Битола

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес го претстави нов шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски. Захариевски денес потпиша договор со ФК Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста.  Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола каде работеше во 2017 година.

Захариевски на клупата на Пелистер со Спасе Ристевски

во октомври 2017 година

-Захариевски има 51 година и зад него како стручњак стојат  забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција. Захариевски ќе прозива на осми јануари, кога започнуваат подготовките за вториот дел на шампионатот на Македонија, стои во соопшението на ФК Пелистер.