Пред три години, во 2022 година никој во Битола не сакаше да поверува дека за две и пол години, односно во август 2025 Битола ќе добие нов трговски центар кој го посакуваа сите битолчани.Трговскиот центар започна да се гради во почетокот на 2022 година, на просторот на поранешната градежна база на градежното претријатие “Бетон“ од Битола, а површината по прекинувањето на работата на ова градежно претријатие беше претворена во мини депонија и паркинг за автобуси и камиони.
Во март 2022 година по расчистувањето на местото, се започна со копање на темелите, а за брзо и започнување на градбата.
Потоа по подготвителните работи започна да се гради трговскиот центар, а за мошне брзо време со максимално ангажирање на сите градежни екипи започна да “расте“, кат по кат, започнувајки од подземните гаражи.
Потоа следуваше завршувањето на големите градежни и “покривање“ на трговскиот центар и започнување на завршните работи, внатрешни и надворешно уредување, греење-ладење, паркини, улици…
Првото отворање на “RETAIL PARK“ на “BLISS“ беше вовед во она што есента која е зад нас во 2024 година, не очекува во овој капитален објект во ноември.
“BLISS Mall“, капитален објект кој е новина не само за Битола туку и за целиот регион, беше свечено отворен на 8 ноември, а уште од првите часови на отворањето, па се донес предизвикува голем интерес кај битолчани и жителите на околните градови и соседна Грција.
Текст и фото: Сашо Ристевски
