Денес, вторник, 4 февриари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 3 степени.
Утре, среда, 5 февруари во Битола времето ќе биде ведро и студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 6 степени.