По повод 4 февруари, денот кога во 1872 година, во Кукуш е роден еден од најголемите македонски великани, Гоце Делчев, делегации положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење и со тоа одбележуваа 153 години од неговото раѓање.
Денешниот ден е потсетување и одавање почит на големото дело и заложба на столбот на македонската револуционерна борба.
Во чест на денешниот ден, свежо цвеже положи градоначалникот Тони Коњановски и претставници на Советот на Опптина Битола, а Коњановски кој притоа рече:
-Делото на Гоце Делчев е дело кое заслужува вечна почит, но истовремено не обврзува и не насочува кон она што мора да бидат нашите чекори во денешнината со кои ќе ги почитуваме и негуваме нашите јазик, култура, писмо и традиција, продолжувајќи со работа и посветеност за иднината на Македонија.
Цвеќе положија и претставници на Советот на општина Битола, претставници на ВМРО-ДПМНЕ од Битола предводена од претседателот на Општинскиот комитер Битола и пратеник Пеце Милевски, пратеничката Олга Лозановска и потпретседателот Горан Исков, како и нивните унии и членови на Патриотскиот унститут “Гоце Делчев“ од Битола.
И претставници на СДСМ Битола и претставници на Сојузот на борци од Битола, полож9ја цвеќе на бистата на спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, како и членови на ансамблот “Гоце Делчев“ од Битола.

Во Битола одбележани 153 години од раѓањето на Гоце Делчев
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“





