Вчера во Големата сала на Центарот за култура во Битола беа прикажана два документарно филмана Гимназијата – „Неговиот глас“ во рамките на прославата на 80 годишнината од започнувањето на настава на македонски јазик во Горната гимназија во Битола.
Гимназијалецот Давид Козаров преку уметничко – документарен филм ја раскажа историјата – 80 години од одржувањето на првиот час на современ македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола и предизвика бура од емоции кај публиката.
Учениците од прва/6 за прв пат подготвија проект со цел да се прикаже минатото и сегашноста и борбата за македонскиот идентитет и национална свест, а тоа е филмот насловен “Прекршени времиња“, а тоа е сликата која што ја оставаме денес за македонската национална свест и македонскиот јазик.
Во филмот – „Неговиот глас“ зборуваат двајцата академици, поранешни ученици во Горната гимназија, Владо Камбовски и Живко Попов, како и интервјуа на познати лекари, професори, актери… кои учеле во гимназијата.
По проекцијата на двата филма директорката на Гимназијата, Лидија Споа на сите ученици, нивните ментори и сите кои беа вклуени во одбележување на овој голем јубилеј им додели благодарници.

Прикажани два документарни филмови и додели благодарници (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“





