По 42 години, Анте Костелиќ и неговата сопруга Марица, повторно се во Битола. Денес остварија средба со битолскиот градоначалник Тони Коњановски во неговиот кабинет, при што најмногу разговараа за ракометните успеси на градот во изминатите години.
Анте Костелиќ година и пол во тогашно време беше на чело на ракометниот клуб Пелистер, кој од втората лига се префрли во најелитното југословенско клубско ракометно друштво.
Заедно со градоначалникот Коњановски, евоцираа спомени од минатото за квалитетот на ракометниот клуб Пелистер, за тоа како неговиот син Ивица за прв пат застанал на скии на Тумбе Кафе и како неговата сопруга Марица играла за ЖРК Пелистер. Костелиќ го пофали и модерниот ракомет кој што сега го игра Еурофарм Пелистер, а за тоа сведочат и големите домашни и меѓународни успеси на клубот.

Анте Костелиќ на прием во кабинетот на градоначалникот Коњаковски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“





