Во Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со граѓанското здружение „Сумнал“ од Битола реализираа превентивна работилница на темите – „Превенција од малолетнички бракови“ и „Заштита од родово и семејно насилство“.
Работилницата беше одржана со цел да се подигне свеста за штетноста од рано стапување во брак и генерално околу малолетничките бракови, потоа за ризиците коишто доаѓаат од рано влегување во таква институција, како и подигнување на свеста за поголема едукација кај ранливите категории граѓани и помеѓу етничките заедници.
Целта на активноста, исто така беше насочена и кон подигнување на свеста кај граѓаните кон крајно девијатни појави како што се родовото и семејното насилство, препознавање на формите на родово и семејно насилство, и информирање за надлежностите на полицијата и за мерките што се преземаат за заштита на жртвите од овие видови кривични дела.

„Превенција од малолетнички бракови“ и “Заштита од родово и семејно насилство“ – превентивна работилница во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“





