По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Педагошкиот факултет од Битола во соработка со Македонското научно друштво – Битола одржаа работилница на тема „Речник на иднината – Создавање авторски неологизми“.
Претседателката на Македонското научно друштво – Битола, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, им ја посочи на присутните студенти важноста од негување и зачувување на мајчиниот јазик, а м-р Марија Стојаноска и м-р Елизабета Јончиќ зборуваа за еден интересен сегмент од јазикот – авторските неологизми.
Тие укажаа дека авторските неологизми се важни не само за самите автори, туку и за целокупниот јазик и општеството бидејќи го збогатуваат јазикот и нудат поголема стилска обоеност на текстот.
Со оваа работилница тие ги доближија студентите чекор поблиску до мајчиниот јазик и ги запознаа со еден специфичен вид на зборови што се појавуваат во македонскиот јазик и кои во иднина треба да се употребуваат.

Педагошкиот факултет и МНД Битола со работилница работилница на тема “Речник на иднината – Создавање авторски неологизми“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица





