На 04.03.2025 во 21.30 часот на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 34 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 04.03.2025 во 19.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39 годишно лице од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дигитални ваги со траги од прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 04.03.2025 во 11.30 часот во СВР Битола, М.Р. (62) од Битола пријавил дека на ул.„Илинденска” во Битола била касната од куче скитник.
На 04.03.2025 во 15.30 часот во СВР Битола, М.Д.(22) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак” во Битола бил каснат од куче скитник.






