Денес, петок, 7 март, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во Битола до 20 степени.
Утре, сабота, 8 март, во Битола времето ќе биде Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во Битола до 19 степени.






