Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: еден фудбалски извештај, Пелистер – Работнички, Битола март 2015 (фото)

-Како спортски новинар сум известувал за многу спорски натпревари и настани во Битола но за денешната рубрика одбрав извештај од пред 10 години, кога во Битола на стадионот, тогаш Под Тумбекафе се играше натпреварот Пелистер – Работнички, кој за жал “пелистерци“ загубија со 1:3, а тоа беше трет по ред пораз таа пролет.Трите гола домашните фудбалери ги примија во првиот дел. Работнички е во водство од 1:0. По пет мунити гостите го постигнаа вториот гол, а во 40 минута по пеналот по одбраната на Драгојевиќ.  Вториот дел од натпреварот по исклучувањето на голманот на Работнички Пелистер, по слободниот удар Тодоровски постигна гол за Пелистер.Пелистер со третиот пролетен пораз и натаму има проблеми на секој план. Минатата седмица отказ доби спортскиот директор на Пелистер, Милош Манојловиќ.Само по три натпревари во пролетниот дел од страна на публиката се слушнаа навредливо навивање упатено кон Управата на Пелистер, а по навредливите зборови упатени кон тренерот Хаџиевски, и самиот влезе во лична пресметка со поеднинци од трибините.Градски стадион под Тумбе кафе – Битола. Гледачи: 1000
Главен судија: Стефче Шулески од Охрид.Стрелци: Тодоровски во 51 минута за Пелистер, а Алтипармаковски во 10 и Илијоски во 15 и 40 минута од пенал за Работнички
Жолти картони: Миленковски, Биљали (Пелистер),
Петровиќ, Чикарски (Работницки)
Црвени картони: Ефремов во 50 и Петровиќ во 90 минута за РаботничкиПелистер: Драгојевиќ, Петрески, Смоковски (Речковски), Тодоровски, Велковски, Анастасов, Цирлидис (Билјали), Митиќ (Љамчевски), Станоевиќ, Петковски, Чесмиџиев.Работнички: Ефремов, Сахити (Анене), Вујчиќ, Илијоски, Силјановски, Велковски, Петровиќ, Алтипармаковски (Додевски), Трајчевски, Чикарски, Илиевски (Божиновски).

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »