Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: апсење за марихуана, повредена 66 годишна жена пешак, 71 годишник паднал од мопед и се повредил, физички напад…

На  10.03.2025 во 20.00 часот,  на ул. „Никола Тесла “ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 34 годишник од Битола бидејќи при извршен преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

На 10.03.2025 во 12.45 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ружа Делчева“ во Битола се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило марка „опел”со битолски регистарски ознаки управуван од 22 годишник од Битола удрил во пешак на возраст од 66 години од Битола. Во несреќата пешакот се здобила со тешки телесни повреди констатирани од доктор во Клиничка Болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
 
На 10.03.2025 во 12.10 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа во која мопед марка „томос”со битолски регистарски ознаки управуван од 71 годишник од Битола изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата истиот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка Болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 09.03.2025 во 03.00 часот во СВР Битола, С.М.(55) од с.Горно Оризари, битолско, пријавил дека на работното место во рудник Брод -Гнеотино при РЕК Битола бил физички нападнат од лице вработено во соседна фирма. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

На 10.03.2025 во 15.20 часот, во СВР Битола Б.П.(19) од Битола пријавил дека на ул. „Боримечка” во Битола бил каснат од куче скитник .

На 10.03.2025во 21.22 часот, во СВР Битола И.М.(80) од Битола пријавил дека во старата битолска чаршија бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »