Општинскиот совет за превенција од детско престапништво (ОСПДПБ) одржа едукативно предавање за „Злоупотреба на интернет“ со презентација за „Сајбернасилство и каде да се обратат ако станат жртви на истото“ “Тик Ток предизвиците и опасностите од нив“ во Оу ресурсен центар „Кочо Рацин“ Битола во рамки на заедничките активности кои ќе се реализираат после потпишувањето на Меморандумот за соработка во полето на инклузија во образованието.По повод потпишување на меморандумот Жанета Ристевска претседавач на ОСПДПБ кажа:
-Еве денес сме тука меѓу учениците и вработените на ОУ ресурсен центар „Кочо Рацин“ директорката на ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, Драгана Кирковска, со задоволство ја прифати иницијативата за потпишување меморандум за соработка со Општинскиот совет за превенција на детско престапништво. од кој се надеваме на плодна соработка и заеднички активности. Нашиот тим за едукативни предавања и работилници секој од различен аспект јас како психолог, Каролина Димеска самостоен инспектор СВР Битола, Даниела Стерјева социјален работник ЦСР и Митко Бошевски од адвокатска комора зборуваше на темите
„Злоупотреба на Интернет“ Споделивме презентација за „Сајбернасилство и каде може да се обратат ако станат жртви на истото“ „Тик Ток предизвиците и опасностите од нив.Директорката на ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, Драгана Кирковска изјави:
-Потпишувањето на овој меморандум претставува значаен чекор за нашата институција. Очекуваме активна соработка преку заеднички проекти, средби и размена на идеи. Прв од низата на настани, предвидени во соработката меѓу нас како стручни лица и експерти во работата со деца со посебни потреби од Основното училиште со ресурсен центар “Кочо Рацин“ и членовите од Советот за детско престапништво при општина Битола беше работилницата за еден од најактуелните предизвици кај нас и секаде низ светот, а тоа е неизбежното влијание на дигиталната технологија, колку во позитивен толку и во негативен аспект. Злоупотребата на интернетот, сајбер насилството, тик ток предизвиците, социјалните апликации, интернет зависноста и ред други негативности од дигиталната технологија се горлив проблем и кај децата со посебни потреби и и тоа како се добредојдени секаков вид на активности кои ќе ги намалат и изолираат негативните ефекти на дигиталното владеење во современиот начин на живеење, истакна Кирковска и додаде:
-Факторите, особено ризик факторите кои придонесуваат за појава на детско престапништво е потребно навремено да се утврдат со цел превентивно делување. На тој начин, дополнително ќе се утврдат и можностите и потребите на децата, како и ќе се процени успешноста на понатамошната примена на интервентни мерки. Клучната улога во ризик факторите и обратно, во факторите за превенција ресоцијализација на децата ја има семејството, односно родителите/старателите, а потоа ние како специјални едукатори и стручни лица кои сме неизбежен дел од целокупниот воспитно – образовен процес на децата со посебни потреби.

Меморандум за соработка и одржано предавање на ОСПДПБ во ОУ ресурсен центар “Кочо Рацин“ Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- В.Д. директорот на Центарот за култура Битола – Влатко Илиевски ја претстави годишната програма (фото)
- Убав гест на директорката и нејзиниот тим од “Горната“, средба со сите учесници и ментори од јубилејот (фото)
- Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на Битола, канцелариите на пратениците достапни за граѓаните (фото)
- Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на Исхак Челеби џамијата
- СВР Битола: пријава за физички напад, три лица уапсени за дрога, пронајдена марихуана, приведено лице за издржување казна затвор…