Press "Enter" to skip to content

Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на Битола, канцелариите на пратениците достапни за граѓаните (фото)

-Претседателот на Собранието Африм Гаши беше во посета на Опптина Битола, прошета по Широк Сокак и ги посети канцелариите на битолските пратеници.

Претседателот на Собранието Африм Гаши и пратениците од Битола, Силвана Анѓелевска, Олга Лозановска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Пеце Милевски, денес ги посетија канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните, од каде најавија, дека истите во следниот период, повторно ќе бидат достапни како место за контакт на битолчани со пратениците.-Проектот „Ваш пратеник“ е долгогодишен и сме имале потешкотии во минатото, но сега имаме една нова динамика на отворање на овие канцеларии. Ги видовме канцелариите, прилично се достоинствени и се надевам дека ова ќе биде поттик за граѓаните на Битола, да доаѓаат, да се среќават со нивните пратеници, да ги прашуваат и така да го оствариме тоа право на непосреден контакт на граѓаните со пратениците, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој изрази голема благодарост до градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за топлиот пречек во Битола.Градоначалникот Коњановски, се заблагодари за денешната посета и нагласи, дека ова е неопходна и дополнителна можност за битолчани, да ги изнесат своите барања, потреби и идеи:-Ова е едно место каде што пратениците и пратеничките од Битола, ќе имаат средби со граѓаните, надвор од нивните активности во Собранието, иако средбите со граѓаните се секојдневни. Сега има дополнителен простор за разговор со граѓаните, да ги согледаат идеите“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој потенцираше дека на средбата со Претседателот на Собранието Гаши, разговараа и за добрата соработка и актуелните состојби на локално и централно ниво.Пред посетата на канцеларијата на пратениците, градоначалникот на Битола и претседателот на Собранието имаа средба во општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »