-Зоран Николовски која ја извршува функцијата В.Д. директорот на НУ Завод и музеј во Битола денес најави петнаесетина проекти во сите пет дејности кои ги има оваа институција, заштитна, музејска, издавачка, галериска и меѓународна дејност.
В.Д. директорот на НУ Завод и музеј во Битола – Зоран Николовски во својот кабинет денес одржа прес конференција на која зборуваше за проектите кои треба да ги реализира оваа институција во текот на оваа година, а за кои има добиено средства од Министерството за култура, во вкупна вредност од 10 милиони денари.
-Денешната конференција која денес ја одржуваме е тематска на која се однесува на проектите кои се одобени за нашата институција од страна на Министерството за култура на Владата на Македонија кои се доделени во петте дејности, заштитна, музејска, издавачка, галериска и меѓународна дејност, а ќе зборувам и за ван програмските дејности. -Во заштитната дејност се одобрени тринаестина проекти од кои што на барање на Министерсвото за култура од наша страна се определени по еден капитален проект од музејска и заштитна дејност. Наша идеја беше во заштитна дејност да влези проектот Јени џамија, кој ќе биде тригодишен проект почнувајќи од оваа година, а да бид завршен во 2027 година. Од министерството за култура се доделени 12 милиони денари за завршување на конзерваторските работи во вториот дел, поточно во молитвениот дел и со тоа би се завршила целокупната реставрација на тој објект, која што трае со археолошките ископувања околу тринаесетина години. Понатаму проектите се наменети за зидно сликарство во село Граешница во Мариово, за фасадно ѕидно сликарство на црквата “Св. Ѓорѓи“ во село Курбиново како и во црквата во село Гопеш, изградба на настрешница во “Св. Ѓорѓи“ во Курбиново и заштита на надворешниот фрескоживопис. Со проектите се планора и нова фасада на Завод и Музеј од четвртиот дел, нов носач – алиминиуско саќе според најнови технологии на мозаикот од мозиикот во Хераклеја, одржување на мозаиците во Хераклеја како е секоја година, одржување на споменичниот комплекс Хераклеја, кровна контрукција во црквата во село Гопеш, конзервација на Амамот на улица “Димитар Влахов“ или турската бања. Мозаикот кој е подигнат во 1974 година во Хераклеја Линкестис ќе добие нов алуминиуски носач и ќе биде конзервиран и изложен во Пациото, како и лапидариум и ново уредување на дворот на Завод и Музеј, како и други проекти. Вкупно за овие проекти Министерството одобри околу 5 милиони денари, плус парите за капиталниот проект, а дел од проектите ќе бидат дополнително финансирани.
Во врска со музејската дејност одобрени се проекти во вредност повеќе од 4 милиони денари за заштита и дигитализација на фондот на фотографот Михајло Зега, чија колекција се наоѓа во Музејот повеќе од 50 години. Ќе има и проект за инклузија и пристапност во Музејот, што е законска обрска. Ќе има и нов систем за вентилација и инсталација за лабораторијата за метал и дрво во Музејот. Ќе има конзервација на пафти и прстени од колекцијата на битолскиот музеј.-Капитален проект ќе биде осовременување на постојаната музејска поставка. Ќе се работи на Велушка тумба, Црнобуки, на спомен куќата на Татарчеви во Ресен и меморијалниот споменик во село Смилево, како и на одржување на збирката накит во етнолошкото депо, и депо за современа уметност. Кај археолошките работи ќе се работи и на моноксилот од Преспа – дрвен, средновековен, чамек кој се откри кај село Наколец, а извадениот артефакт ќе биде поставен во дворот на спомен куќата на Татарчево во Ресен, додаде Николовски, и рече дека ќе се работи и на Калето над Битола, на некогашната црква “Св. Богородица“.
Николовски се задржа и на големиот јубилеј за Битола, 100 години од раѓањето на Кирил Македонски, автор на првата македонска опера “Гоце“, а која е напишана на неговиот клавир кој се наоѓа во Завод и музеј. Во таа насока е потпишан меморандум за соработка со Музичкото училиште, а настанот ќе биде нешто што ќе се памети, а и ќе се оддолжиме кон еден наш сограѓанин.-Во издавачката дејност и оваа година ќе продолжи издавањето на зборникот каде се поместени сите напи теми. Го галериската дејност се планира изложба на дактилни копии, изложба на Љубица Солак. Во меѓународната дејност е планирано гостување во музејот на Драч, Албанија со дактилна изложба и обука, и во Сараево, БиХ, каде ќе се пренесува знаење на овие музеи, рече Николовски, кој додаде дека вработените во Музејот треба да присустуваат на секоја обука и семинар, на секоја меѓународни конференции, без разлика каде се одржува, а знаењата задолжително да ги пренесат на другите вработени.
За вон програмките активности Николовски рече дека ќе биде ставена во функција сувенирницата која се наоѓа наспроти Музејот. Покрај продажбата на сувенири, таму ќе биде сместена и билетарницата каде ќе се продаваат билети на современ начин, а влезот во Музејот за туристите ќе биде регулиран со модерни рампи.
Текст и фото: Сашо Ристевски